• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Невозможниот европски сон

јули 22, 2015
in Актуелно

Во последните денови има малку затишје во вестите од Европа, но ситуацијата таму останува страшна, како и секогаш.

Грција е во тешка криза од Големата депресија и ништо од тоа што се случува таму не дава надеж за подобрување. Шпанија се смета за историја со успешен крај, бидејќи економијата таму конечно расте. Сепак, невработеноста во земјата уште е на ниво од 22 проценти. Стагнација ги зафати лидерите на континентот: економскиот пад во Финска е споредлив со оној во Јужна Европа, а Данска и Холандија исто така се многу лошо, пишува во анализа за New York Times, добитникот на нобеловата награда за економија Пол Кругман.

Како работите се отежнаа толку многу? Одговорот е дека ова се случува кога политичари, скроени само за сопствени интереси, не обрнуваат внимание на аритметички и лекциите од историјата. И не, не зборувам за левичарите во Грција или каде и да било; зборувам за достојни за исклучително голема почит мажи во Берлин, Париз и Брисел, кои четвртина век се обидуваат да управуваат со Европа врз основа на една имагинарна економија.

За човек кој не се разбира многу од економија или избрал да ги игнорира неудобните прашања, создавање на единствена европска валута звучеше како одлична идеја. Таа требаше да ја олесни трговијата преку националните граници и да послужи како моќен симбол на единство. Кој би можел да ги предвиди тогаш огромните проблеми кои еврото ќе ги создаде со време?

Всушност доста луѓе. Во јануари 2010 година двајца европски економисти објавија напис под наслов “Нема како да започнете, тоа е лоша идеја, нема да трае долго”, во која се потсмева на американските економисти, кои предупредиле дека еврото ќе создаде големи проблеми. Како што се испостави, статијата случајно се претвори во вистинска класика: токму во моментот кога таа беше напишана, сите овие страшни предупредувања беа на пат да се обистинат. Статијата содржи долга листа со економисти, цитирани поради тврдоглавиот свој песимизам, со што сакаше да се создаде своевидна сала на срамот. Наместо тоа, таа стана нешто како признание, директориум со имињата на луѓето кои направиле повеќе или помалку верни предвидувања.

Единствената голема грешка на евроскептиците беше дека потценија точно колку штета ќе причини единствената валута. Воопшто не беше тешко да се предвиди уште од самиот почеток дека монетарна унија без политичка е многу сомнителен проект. Зошто тогаш Европа продолжи по овој пат?

Претежно, би рекол, бидејќи идејата за еврото звучеше многу добро. Изгледаше далекусежен, одговарачки на евроманталитетот, беше вистинското нешто што им се допаѓа на типот луѓе кои извезуваат говори во Давос. Тие не сакаа недоделкани економисти да им велат дека волшебната визија им е лоша идеја.

Всушност меѓу елитата на Европа одеднаш стана многу тешко да се упатат приговори на девизниот проект. Се сеќавам многу добро на атмосферата на почетокот на 90-тите години на минатиот век. Секој кој го става под прашање атрактивноста на еврото, требаше практично да се исклучи од разговорот. Особено ако Американец изрази сомнежи, требаше неизменливо да биде обвинет за задни мисли – дека е непријателски настроен кон Европа или дека сака да го задржи во привилегирана позиција доларот.

И еврото се појави. Деценија по неговото воведување огромен финансиски балон ги прикриваше проблемите. Но сега, како што реков, сите стравови на скептиците се покажаа вистинити.

При тоа приказната не завршува тука. Кога предвидувањето и предвидливите деформации на еврото се појавија, политичкиот одговор на Европа беше да наметне драконски мерки за штедење на земјите должници. Одбиена беше проста логика и историските доказ кои покажуваа дека таквите политики ќе нанесат ужасни економски штети и истовремено со тоа нема да го постигнат ветеното намалување на долгот.

Дури сега е неверојатно колку безгрижно владејачките во Европа ги игнорираа предупредувањата дека намалувањето на владините трошоци и зголемувањето на даноците ќе предизвика длабока рецесија, а тие тврдеа дека сè ќе биде во ред, бидејќи фискалната дисциплина ќе создаде доверба. Тоа не се случи. Вистината е дека никогаш не функционира искуството за справување со големи долгови само преку штедење, особено ако истовремено со тоа се следи монетарна политика со некаков стандард. Тоа не функционираше за Велика Британија по Првата светска војна, иако беа направени огромни жртви. Тогаш зошто некој очекува овој пат да функционира за Грција?

Што треба да направи сега Европа? Нема добри одговори, но причината за ова е дека еврото се претвори во стапица, од која е тешко да се избега. Ако Грција уште располагаше со сопствената валута, ќе преовладуваат аргументите за девалвација, подобрување на грчката конкурентност и ставање крај на дефлација.

Фактот дека Грција нема веќе валута дека ќе и ‘се наметне одново да создаде таква ги крева влоговите значително. Претпоставката ми е дека ќе биде потребно излез од еврото. Кај сите положби ќе биде од клучно значење отпишувањето на голем дел од долгот на Грција.

Нема сепак отворена дискусија за овие опции, бидејќи европската реторика сеуште е доминирана од идеи кои елитата на континентот би сакала да бидат вистинити, но тие не се. Европа плаќа многу висока цена за тоа монструозно самозадоволство.

Извор:Факултети.мк

Посетеност: 168
Share
Previous Post

Пливаат во пари, но не даваат на сиромаси!

Next Post

И мажите заболуваат од остеопороза

Next Post

И мажите заболуваат од остеопороза

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 168

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk