• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Пливаат во пари, но не даваат на сиромаси!

јули 22, 2015
in Занимливости

Во срцето на Мумбаи се наоѓа најскапиот дом во Индија – 27-ката квадратна зграда во која живее само едно семејство: Амбани. Мукеш Амбани со богатство од околу 20 милијарди долари се смета за најбогат човек во потконтинентот.

 

Во неговиот дом Antilia има место за 168 автомобили, тој има три писти за слетување на хеликоптери, девет лифтот, кино и храм, пишува во својата репортажа списание Vanity Fair.

Амбани станува богат со помош на рафинерии, нафта и гас. Својата компанија Reliance тој ја изградил со својот татко во 80-тите години.

Но и вториот најбогат човек во Индија, Дилип Шангви, е самостојно создаден милијардер. Тој успева со својата фармацевтска компанија Sun Pharmaceutical Industries да натрупа 17 милијарди долари. Третиот во листата на Forbes – Азим Премжи, има богатство од 16 милијарди долари благодарение на софтверската компанија Wipro. Повеќе од 100 индиски милијардери објави списанието во 2014 година, а една година порано овој број беше само 55.

Кога станува збор за добротворни цели сепак, 69-годишниот Премжи ги остава далеку зад себе другите богаташи во Индија. Тие по правило донираат промили или проценти од своето богатство на општеството. Премжи сепак донирал во изминатата година над 12 проценти од парите за добротворни цели, соопшти кинеското списание Hurun што исто така ги следи тесно богатите во Индија. Со ова шефот на Wipro донирал седум пати повеќе од вториот во оваа своевидна класификација – металниот магнат Анил Агарвал.

Тоа ќе се промени наскоро, сигурен е Премжи. “Во наредните години ќе сме сведоци на сериозна филантропија”, убеден е тој. И во САД индустриските магнати како Ендрју Карнеги и Џон Рокфелер ги имаат стекнато првично милијардите со нафта и челик, а дури потоа кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век станаа пионери во областа на добротворноста. “Во споредба со тоа Индија е сеуште во почетокот на развојот на модерната економија и создавање на богатството”.

Во основаната од американската инвестициска легенда Ворен Бафет и основачот на Microsoft Бил Гејтс иницијатива “The Giving Pledge” Премжи е единствениот индиски претставник – и на тој начин се обврза да донира најмалку 50 отсто од своите средства. Повеќето од нив неговата фондација има намера да користи за образование, особено за државни основни училишта. Образованието е најважната социјална институција кога станува збор за тоа да се подобрува општеството, смета Премжи.

“Искоренување на сиромаштијата треба да биде една од нашите главни цели”, вели Премжи. Всушност 30 проценти од Индијците (363 милиони луѓе) се уште живеат под прагот на апсолутна сиромаштија. А разликата продолжува да расте – по анализата од Credit Suisse денес -богатите 1% од Индијците поседуваат речиси половина (49 проценти) од вкупното лично богатство. Во 2000 година овој еден процент држеше сеуште “само” 37% од средствата.

Покрај Премжи и други претприемачки семејства донираат за едукација, како Тата, Вадја Бирла кои основале доста училишта, колеџи, универзитети и научни институции.

Сепак донациите не се особено високи. “Тие донираат пари за луѓето на кои потоа ќе можат да влијаат. Сеуште има феудално размислување зад овие дела “, вели Самир Сара, заменик-претседател на независниот тинк-тенк Observer Research Foundation во Њу Делхи. Ова може да се сопствените вработени, луѓе од родното село или членови на семејството.

Всушност многу од индиските богаташи се подготвуваат во моментов за пренос на позициите во компаниите на човек од семејството. Премжи и челичниот магнат Лакшми Митал веројатно ќе го предадат својот бизнис на своите синови. IT гигантот и седмиот најбогат Индиец Шив Надар ќе го предаде бизнисот на ќерка си Роши. Тоа е полесно отколку во САД, каде што мора да се плати данок за наследство во износ од 40 проценти. Во Индија слична стапка нема.

Минатата година, пак, Владата на Индија достави закон, со кој бара од големите индиски компании да донираат два проценти од својот профит за промовирање на обесправените. “Имаме потреба од подобри алатки за добротворни цели”, вели Сара. Но, тоа сигурно ќе биде факт наскоро.

“Ние мора прво да свикнеме на идејата дека сега сме толку богати. Тоа е само тренд кој започна дури во 90-тите години “.

Извор; Фактор.мк

Посетеност: 155
Share
Previous Post

Како шеќерот да го користите за чистење на домот?

Next Post

Невозможниот европски сон

Next Post

Невозможниот европски сон

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 155

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk