Членовите на неформалната организација „Чист Охрид“ ја имаа четвртата акција.
-Нашата активност помина успешно и покрај лошите временски услови. При реализирањето на акцијата во која ја опфативме околината на музичкото училиште „Методи Патче“ и зградата на Историски архив наидовме на вистинска мала депонија.

Шприц полн со крв, телевизор, големи парчиња стакло, како и отруено куче.
Во акцијата учествуваа 12 волонтери и беа собрани околу 12 вреќи отпаден материјал, велат од „Чист Охрид“.






