Времето навистина тече со часовникот Rhei, тој го прикажува времето со течност-ферофлуид и механизам управуван со магнети кои се поставени зад него. За овој дизајн, дизајнерот од Белград, Дамјан Станковиќ, ја доби петтата по ред Rеd Dot награда.
Rhei е електро-механички часовник кој е заснован на ферофлуид, кој ја користи оваа течност на единствен начин, за приказ на информација. Оваа иновативна идеја му донесе на Дамјан Станковиќ, кој е индустриски и UX дизајнер, престижна награда за концептуален дизајн, негова петта по ред, после низа од 4 награди од 2009 година.
Она што го чини овој часовник специјален е надреално-убавиот визуелен ефект кој делува како да е во прашање дигитална анимација, а всушност доаѓа од електронски механизам, магнет и течност која ги обликува бројките. Од друга страна, во прашање е комплексен и “длабок”производ, за чија изведба потребни биле голема низа на експерименти.
БРОЈКИ ОД МАГНЕТИ
Ферофлуидот кој е суштествениот елемент на часовникот, претставува течност која во себе има магнетни наночестици, кои се магнетизирани само кога околу себе имаат магнетно поле. Веројатно сте виделе како се собираат честиците во вид на шилци кога ќе се најдат во близина на магнет. Токму тој момент е мисла водилка за авторот за разработка на овој дизајн, уште пред три години.
“Тоа е како некоја играчка, каде можеш со магнетот да го поместиш флуидот и да правиш облици од него. Неодоливо потестува на компјутерска анимација, но сепак е во реалниот свет, па ме заинтригира дали е можно да се направи нешто конкретно од тоа, да се поигруваш со преминот од апстрактно во реално и пак назад.”- објаснува авторот на овој иновативен дизајн.
Вистинскиот предизвик се случил после изработката на првиот прототип, кој бил едноставен за правење, но се прегреал како греалка од преголема количина струја која Дамјан ја користел и не изгледало естетски. За да течноста не се распарчи и постојано да се придвижува, што ја создава магијата, за Дамјан значело многу посвета и работа.
“Кога го започнав овој проект не знаев ништо за прототипизирање на хардверот, ниту што е струг ни како работи CNC машината, па учев постепено за се по малку. Бидејчи првите прототипови не ми беа успешни, се одлучив за употреба на вистински магнет и механички склоп кој ги придвижува во правец напред – назад. Електрониката кој го продвижува целиот механизам го проектира Марко Павловиќ, без кого проектот немаше да се реализира вака брзо.”-изјави Станковиќ.
ДИЗАЈН НА ХЕМИЈАТА
Механиката не беше тривијална но затоа хемијаа на течноста беше вистински предизвик за овој млад дизајнер. Ферофлуидот ја има таа карактеристика лесно да се лепи на целата површина и остава трага по себе, што во ваков производ беше неприфатливо бидејќи после некое време дисплејот станува жолт и нечист.
Дизајнерот се соочил со доста проблеми, бидејќи хемиската индустрија која го прави ферофлуидот го држи составот во полу-тајност, па Дамјан морал да се обрати на Хемискиот факултет, каде еден од професорите му излегол во пресрет иако проблемите не ги решиле.
“На крај, после ненормално многу проби, едноставно почнавме да лувствуваме на што реагира и самиот дојдов до решението со што треба да се “ испере” за да не се залепува за стаклото. Имаше многу кочници и моменти напред-назад.”- објаснуа Дамјан.
Уште еден дополнителен проблем за Дамјан претставува слабиот пазар во Србија, каде не можат да се најдат сите делчиња па поголемиот дел бил приморан да ги увезе од надвор, за да ја финишира својата иновација.
БЕЗ СЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО (ЗАСЕГА)
Иако ја доби наградата за концептуален дизајн, Rhei-часовникот не е сосема концептуален – прототипот постои и функционира, но сеуште нема заинтересиран да го превземи производството за да може да се пушти во продажба. Но, Дамјан има и за тоа решение:
“За сега не размислувам за сериско производство, а можно е да пробам со handmade luxery item – модел. Сакам уште подобро да го истестирам и да бидам сигурен дека работи како што треба, а почеток ќе го изложам во некој простор и ќе ги повикам сите заинтересирани да го видат и за продискутраме за процесот.”
Извор: www.supermodulator.mk