• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

„Ноќите во бел сатен“ Муди Блуз

октомври 23, 2018
in Тоа беа години
„Ноќите во бел сатен“ Муди Блуз

На 8.октомври се навршија точно 51 година од снимањето на композицијјата„ Ноќите во бел сатен“ во исполнение на групата „ МУДИ БЛУЗ“која била објавена на 10. Ноември .1967 година.

Музиката и стиховите на песната ги напишал Џастин Хејворд кога имал само 19 години а ја насловил според девојката која му дарувала постелнина од сатен.Песната најпрвин се појавила под наслов „Ноќ“на албумот насловен како „ Поминаа деновите на иднината“.Кога била за првпат објавена во 1967 година се искачила до 19 тото место на британската топ листа и на 103 место на американската топ листа во 1967 година.За ваков пласман можеби било виновна нејзиното оригинално време траење од цели седум минути и 38 секунди, времетраење кое било невообичаено за тогашната музичка сцена.

Нејзиното реиздание во 1972 година било мошне поуспешно. Биле издадени два синглови со времетаење о3:06 и 4:26 минути  кои успеале да се искачат на второто место на топ 100  листата на Билборд и таму да остане две недели.Освен тоа песната се искачила и на првото место на топ 100 листата на Кеш бокс во САД.Синглот бил продаден во повеќе од еден милион примероци за што добил златен сертификат.Синглот со оваа песна бил број еден и во соседната Канада.За време на овој успех во САД повторно се нашла на англиската топ листа како и во 1972 година кога доживеала второ реиздание кога дошла до 9. место.Композицијата била реиздадена и по трет пат во 1979 година кога повторно се искачила на англиската топ листа кога достигнала до местото број 14.

 

 Композицијата честопати е користена во многу филмови и тв серии , како на пример во филмовите„ Приказната од Бронкс“ од 1993 година.; „ Казино“ од 1995 и „Темни сенки“ од 2012 година.

Оваа композиција беше мошне популарна и на овие наши простори некаде таму во шеесетите и седумдесетите години од изминатиот век особено на игранките и журките по домовите. Јас верувам дека и ден денес споменувањето само  на насловот на оваа композиција кај одредена популација буди сеќавања на нечија младост на некое изминато време кога можеби за прв паттокму со звуците на оваа балада  го одиграле својот танц кој и ден денес го паметат.

Песната има доживеано повеќе вокални и инструментални изведби од кои најпозната е онаа на германската пеачка Сандра од 1995 година.

Групата „ МУДИ БЛУЗ“ е англиски рок состав од Бирминген. Составот во 1964 година го основале  Мајкл Пиндер и Реј Томас кој во почетокот свиреле ритам и блуз како и други слични групи во тоа време.Нешто подоцна им се приклучил и Греам Еџ а потоа и

Џастин Хејворд и Џон Лоџ.

 Како група биле необично комерцијални и успешни .Имаат издадено 16 студиски албуми  кои се продадени во милионски тиражи низ целиот свет.Сеуште се активни а својата последна турнеја ја имаа во 2008 година во САД и Велика Британија.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 144
Share
Previous Post

Младите охриѓани со срце и љубов, со музика и песна за Сара

Next Post

Охрид идниов викенд – домаќин на Европски куп на мажоретки

Next Post
Охрид идниов викенд – домаќин на Европски куп на мажоретки

Охрид идниов викенд - домаќин на Европски куп на мажоретки

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 144

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk