Во период од 29 септември до 2 октомври РЦСОО ,,Ванчо Питошески” учествуваше на меѓународен натпревар ГАТУС во областа на угостителско-туристичка струка каде што настапуваа 12 екипи од бившите југословенски републики: Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора а се одржа во Ново Место – Словенија. Охридските ученици освоија 2 сребрени и 1 бронзен медал во следните категории:
ГОТВАРСТВО
– Даниел Бутракоски
– Никита Мишевски
– Фикрет Шаќировски
ментор: Војо Ангелоски
ПОСЛУЖУВАЊЕ
– Стефан Стојаноски
– Марко Настески
– Дамјан Макешоски
ментор: Милена Илијевска
ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН
– Теона Талевска
– Ана Марија Мискоска
– Јована Капиданова
ментор: Марија Ѓорѓиоска
Охрид ќе биде домаќин на следниот натпревар кој ќе се одржи во октомври 2023 година.
Публицитет.мк