Институтот Легатум од Лондон денес го објави својот јубилеен индекс на најпросперитетни земји во светот, каде населението е најсреќно.
Факторот на просперитет вклучува која држава располага со најмногу пари, но покрај парите институтот во предвид зема уште 104 други фактори.
Покрај традиционалните, како што е износот на БДП по глава на жител или вкупниот процент на вработеност, тука се и факторите како вкупниот број на интернет провајдери и количината на дневниот одмор на просечниот граѓанин.
Притоа, варијаблите се делат на девет категории – економски квалитет, бизнис атмосфера, власт, образование, здраство, сигурност, лична слобода, општествен капитал и природната околина.
Биле рангирани вкупно 149 земји во светот, а Норвешка беше симната од тронот после седум години и нејзиното место сега го зазеде Нов Зеланд.
Македонија се најде на 53-то место, а најдобро рангирана земја во регионот е Словенија на 20-то место. Пред нас е и Хрватска на 43-то место, а после нас се Црна Гора на 58-то и Србија на 66-то место.
10-те најпросперитетни земји во светот:
1. Нов Зеланд
2. Норвешка
3. Финска
4. Швајцарија
5. Канада
6. Австралија
7. Холандија
8. Шведска
9. Данска
10. Велика Британија
Извор: www.zazabava.com