Нови 44 работни облеки за лето и зима за персоналот, дигитални апарати за мерење притисок и топломери доби во вид на донација одделението за Геријатрија при Општата болница во Охрид.
Донатор и овој пат е охридското социјално друштво „Св.Наум Охридски“ од Мелбурн – Австралија.
Блаже и Данче Џикови со семејствата на нивните двајца синови, кои се членови на друштвото во име на двата големи верски празници Св Петка и Св. Климент денеска донираа свечен ручек за сите лица кои се згрижени во Геријатрија. Приустните по традиција ги забавуваше ансамблот „Билјана“.
Во името на вработените на одделенито и згрижените лица зборови на благодарност до донаторите упати Лазар Стојчески .
Сопружниците Џикови, како и Нада сопруга на Крсте Наумоски еден од најголемите активисти во друштво „Св Наум Охридски“ најавија дека насен ќе донесат нова донација, исто така собрана од нашите иселеници во Австралија.
Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ има околу 300 членови, а најзаслужен за неговата активност е Васко Ангелески кој во мигов во Австралија на разни начини и форми собира донации пред се’ за здравствените установи во Охрид.
Публицитет.мк