• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Патувачкото кино на „МакеДокс“ тргна на пат во славна Дебарца

август 9, 2015
in Култура

„МакеДокс“ тргна на Патувачкото кино, кое годинава од 10 до 22 август ќе се одвива во областа Дебарца. Патувачкото магаренце на „МакеДокс“ ќе посети десет села од оваа област и ќе овозможи синеастичко доживување со документарни филмови од својата програма.

Дебарца е полна со легенди, историја, археолошки наоѓалишта и фудбалски екипи. Дом е на долгогодишна ликовна колонија и домаќин на фестивал на изворната песна. Некогашното изобилство со храбри револуционерни и партизански срца ѝ го носи епитетот славна. Тука живеел и дејствувал Кузман Капидан, јунакот опеан од Григор Прличев. Со својата чета во Дебарца често престојувал македонскиот револуционер и војвода Христо Узунов. Од тука во 1942 година тргнува Првиот македонски партизански баталјон „Мирче Ацев“, додека во 1943 година е формирана Првата македонско-косовска народноослободителна бригада. А летово, баш тука стигнува Патувачкото кино на „МакеДокс“ – во Дебарца, каде има изобилство на изворска вода, планински воздух, муабет со мештаните, филмови на отворено.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава ќе ги посети и ќе ја пренесе сензацијата на синеастичкото доживување во десет села на славна Дебарца, по следниот распоред: село Волино (10 август), с. Белчишта (11 август), с. Издеглавје (12 август), с. Мешеишта (14 август), с. Слатино (15 август), с. Ботун (16 август), с. Злести (18 август), с. Оровник (19 август), с. Лешани (21 август) и село Велмеј (22 август).

Патувачкото кино е старо колку и Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и веќе шеста година со своето патувачко магаренце ги посетува подзаборавените, а восхитувачки убави региони во Македонија. Целта на Патувачкото кино е непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места, кадешто жителите немале можност за синеастичко доживување повеќе од 40 години.
„МакеДокс“ го реализира Патувачкото кино со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на РМ, во соработка со Кинотеката на Македонија и сопствено вложување во проектот.

Медиумски покровители на шестото издание на „МакеДокс“ и на Патувачкото кино се: МКД.мк, Офф.нет, Плагиј.ат, Окно, Плус Инфо, Е-магазин, Репер, А1он, Нова ТВ, Нова Македонија, Слободен печат, Лице в лице, Его, Џез ФМ, Антена 5, Радио Бубамара, Канал 103, Радио МОФ, 24 Вести, Телма и Бла Бла ТВ.

Шестото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се одржа од 20 до 26 јуни 2015 година, во Куршумли-ан и во Младинскиот културен центар во Скопје, со мото „Рум-да-да, дум-та-дум-та!“

Извор: А1on.mk 

Посетеност: 114
Share
Previous Post

Нова донација за Геријатрија од социјалното друштво „Св Наум Охридски“ од Мелбурн и свечен ручек дониран од семејството Џикови

Next Post

Денес е Св.Климент Охридски Чудотворец и Св. Пантелејмон

Next Post

Денес е Св.Климент Охридски Чудотворец и Св. Пантелејмон

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 114

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk