Најверојатно на Палошник во античко време имало монетарница
Наскоро од печат се очекува да излезе најновото дело – книгата на Даница Бачева „Монетоковањето во Охрид (Лихнидос ) од вториот век пред нашата ера и меѓу 13 и 15 век. “ Според рецензентката Катерина Христова книгата претставува исклучителен придонес за расветлување на нумизматичките и историско-монетарните аспекти на охридската регија, со тоа што авторката, долгогодишен кустос-нумизматичар во Завод и Музеј во Охрид и истражувач на монетарното минато на Македонија, прв пат пред стручната јавност ќе ги презентира најзначајните нумизматички откритија на локалитетот Плаошник во Охрид.
Книгата ќе даде опсежен хронолошки приказ на најзначајните активности на охридската ковница во периодот од третиот век пр.н.е па сѐ до доцното средновековековие.
„Она што е од особена научно-истражувачка важност, е што во оваа книга се објавуваат, толкуваат и датираат досега за науката и историјата, непознатите монетични изданија на Дасаретите, а кои биле ковани во лихнидската ковница. Објавувањето на ова исклучително откритие претставува огромен придонес во општото нумизматичко знаење на ковничката продукција на монетарницата во Лихнид, кога градот бил дел од кралството на античка Македонија,“вели во интервјуто за „Публицитет.мк“ археологот Даница Бачева.
Со клик на линкот подолу, слушнете го интервјуто во целост .
Милчо Јованоски / „Публицитет.мк“