Гостувањето на „Охридско лето“ на српскиот виртуоз на виолина Стефан Миленковиќ кој во изминативе 55 години на фестивалот настапувал како солист или со други камерни и поголеми изведувачки тела „Публицитет. мк “ го искористи за кусо средба и интервју.
Ведар, расположен за шега и одговори кои ја отсликуваат неговата уметничка душа Стефан се присети на доаѓањата во Охрид уште кога го нарекуваа – чудо од дете, па на младешките денови и долгите одмори со родителите.
„Шумот на брановите, луѓето и црквата „Света Софија“ се дел од мојот живот, ни рече Миленковиќ кој вчера во Скопје имаше средба со министерката за култура на РМ Елизабета Канческа – Милевска.
„Љубопитен сум и животот ме води напред. Личноста и музиката се неделливи . Сакам да експериментирам во музиката и утрешниот настап на Антички ќе биде преполн со музика за танго и многу импровизација и да не заборавам танцување, “ изјави за „Публиците.мк’ Миленковиќ.
Во разговорот на заедничка маса се вклучи и Марко Хатлак – хармоника, од Марибор , Словенија кој е непосредниот „виновник“ за „Танго компас“. За Хатлак, кој исто така има богата интернационална кариера Охрид е мистерија и град од некоја друга димензија.
Со клик на линкот подолу, слушнете го во целост интервјуто
Милчо Јованоски/„Публицитет.мк“