На државното првенство во планински велосипедизам ХС вчера на Попова Шапка во организација на Велосипедскиот клуб ,,ЕБТС,, од Скопје учествуваше и охридскиот Велосипедски клуб ,,Екодром“.
Охриѓани се вратија со бројни успеси. Во категоријата кадети со сребро се закити Јаков Јованоски, а бронзата во истата категорија ја освои Петар Томич. Во категоријата Јуниори на одлично второ место беше Хабиб Торте од Дебар кој се натпреварува за охридскиот клуб , а во најсилната категорија Елит минатогодишниот државен шампион Бленди Троци од Дебар, кој исто така е член на „Екодром“ освои сребро.
Поради дефект на велосипедите без пласман останаа Димитар Јованоски од Струга и Јован Јованоски од Охрид. Јован полека, но сигурно после повредата во Србија се враќа на велосипедските патеки. Пред Златното момче или олимпиец 5 години државен првак во планинаски велосипедизам со освоени први, втори и трети места на балкански и европски натпревари, како и високо 6 место на Младинската олимпијада која се одржа минатата година во август во Нанџинг Република Кина според стручњаците стојат големи предизвици во овој спорт кој станува се популарен и во Македонија.
Публицитет.мк