Јавната установа Национален парк Галичица во соработка со детските градинки од општина Охрид го одбележа Светскиот ден на планината.
Најмалите имаа можност да се запознаат со дел од дивите животни, како и со дел од растенијата (и нивните плодови) кои се наоѓаат на планината Галичица.
Во рамките на оваа активност, дечињата на интерактивен начин се запознаа и со правилата и препораките за безбеден престој на планина.
-Благодарност до сите дечиња, воспитувачки, негователки и до сите оние кои вложија труд за успешна реализација на оваа активност и одбележување на овој ден, велат од ЈУНП Галичица.
Публицитет.мк