
Светот денес го одбележува светскиот ден на Алцхајмеровата болест или како уште ја нарекуваат тивок крадец на спомените.
Кон одбележување на овој ден , а со цел подигнување на свеста за нејзиното постоење , се приклучија членките на Лајонс Клуб ,,Деница“ -Охрид кои на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и подарија неколку примероци од книгата ,,Кога мама заборави дека ме сака “ од авторката Драгица Русевска -Христова.
Книгата претставува биографско дело посветено на нејзината мајка , а е наменета за сите кои во семејството имаат болен од Алцхајмер или некој друг вид деменција.

Предговорот на делото е напишан од Габриела Новотни, д-р по медицински науки, невролог на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје.
Книгата која е лична приказна за семејството , љубовта , борбата , за тоа како треба , а како не треба кога овој тивок крадец на спомените ќе влезе во Вашиот дом од денес е достапна за читателите во нашата библиотека.
Секој осми пациент над 65 години којшто се јавува кај матичниот лекар може да има деменција. Алцхајмеровата болест е епидемија на 21 век, вели лекарската статистика.
Публицитет.мк







