
Лилјана Грџо Дамовска , Помошник главен уредник во весникот Вечер.
Си го сакам и го славам роденденот и родендените на другите. Ми велат низ смеа дека годинава бројот на тортата не е многу атрактивен па дури ни од астролошки аспект, па затоа јас ја прифатив идејата на мојат внук Андреј и на тортата наместо број да ставиме свеќа во вид на прашаик. Денеска е многу убав ден зошто со драгите колеги во весникот Вечер ќе заокружам цел еден новинарски работен век ( уредник во Дневник, главен уредник во ТЕА модерна ). Се радувам на новиот статус како на матурска вечер, зошто немам време да стареам и никогаш не сум била поподготвена за нови почетоци. Им го честитам роденденот на сите кои денес ќе станат пензионери, им посакувам здравје и долго и достоинствено да уживаат во благодетите кои ги создале низ животот, а на останатите да учат од туѓите искуства и да уживаат во животот.
Публицитет.мк







