• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

НУ Библиотека „Григор Прличев“ со пригоден настан ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик

мај 4, 2022
in Култура
НУ Библиотека „Григор Прличев“ со пригоден настан ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик

Утре, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик.

На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Владата на Република Северна Македонија во 2019 година донесе одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

Утре,  по тој повод библиотеката во Охрид ќе потсети на значењето на Денот.

Членови на Културолошката иницијатива „ 5 до 12 “ од Охрид ќе читаат сопствена поезија и песни од познати македонски автори.

Ќе учествува и Пејачката група и оркестарот при  КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид. Тие ќе изведат перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“ во придружба на народни инструменти.

Присутните во аудио форма ќе го слушнат и сеќавањето на проф. д-р Људмил Спасов на втемелувачот на нашиот македонски јазик, големиот Блаже Конески.

Библиотеката на настанот закажан за утре во 12 часот посебно ги поканува наставници по македонски јазик од основните и средните училишта во Охрид и роднокрајни писатели.

Посетеност: 139
Share
Previous Post

Жителите од неколку улици од Охрид утре ќе бидат без вода

Next Post

Денес им е роденден: Свето Тоевски

Next Post
Денес им е роденден: Свето Тоевски

Денес им е роденден: Свето Тоевски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 139

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk