Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни дејности денес го чистеа дното од градското пристаниште од отпадни материи.
Целта на оваа акција е обезбедување на просторот каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот.
Покрај отстранувањето на отпадот од дното на езерото, во делот од градското пристаниште беше извршено и соодветно обележување на капалиштето.
Извор: www.ohrid.gov.mk