“Сите змии се опасни и напаѓаат” – е фабрикуван мит од продуцентите на Холивуд и документарните филмови и во што всушност поголем дел од популацијата верува, вели професионалниот нуркач Јован Секулоски од Нуркачкиот центар АМФОРА од Од Охрид.
Тој со читателите на Публицитет.мк ја споделува преку фотки дружбата со водните змии од Охридското Езеро. Таа средба со нив Секулоски ја опишува вака:
-Во природна околина змиите се грациозни и љубопитни, честопати бегајќи при ненадејни движења. Имав и ретка прилика да припитомам помала и навидум неискусна водна змија, од причина што уживав во искуството тој потег не го документирав па ќе мора да остане како приказна. Овој одненадеж топол период придонесе во одредени делови на Охридското Езеро да ги има во изобилство, можеби повеќе од 10 змии во текот на едно нуркање. Diving Center Amfora#ohridlakescuba #ohridscuba #scubadivingohrid #dcamfora #bayofbones, вели Меѓународниот нуркачки инструктор Секулоски.
Фотлите се од ниркањата направени вчера и завчера од нуркањата во длабините на синото Охридско Езеро.
Публицитет.мк