УНЕСКО наследство е она што не спојува, чии вредности како такви локалитети ги споделуваме: водени од тоа мото, учесници од четири европски земји деновиве се во Охрид на првата средба со која започнува проект во траење од две години.
Проектот го обработува интегрираното наследство кое вклучува заштитени природни подрачја со нивната уникатност, какво што е нашето езеро кое не само што е најстаро во Европа, туку изобилува со биодиверзитет, винскиот регион Токај од Унгарија со вулканска почва, а од друга страна Рим со своето непроценливо културно наследство, или пак Република Чешка со бројните УНЕСКО локалитети, со регионот на Пилзен кој, покрај познатото пиво е прочуен и по биосферниот резерват наречен „зелениот покрив на Европа“ кој ги опфаќа Баварската шума и областа Шумава.
Темата на нашата апликација е препознаена како универзална вредност која покрива повеќе училишни предмети, па со таков интердисциплинарен приод прави интересен пресек и полесно се врежува во меморија. Увидовме дека познавање на културното наследство недостасува, ѝ е на ниско ниво кај младите, од причина што не е застапено во училишните програми и курикулуми – изјавуваат Алберта Гулицовска, Ерасмус координатор во гимназијата и проф.Надица Николоска од проектниот тим.
Вкупната вредност на проектот е во износ од сто и осум илјади евра, од кои на охридската гимназија како носител и главен координатор на проектот Европската комисија ѝ додели триесет илјади евра.
Тринаесет европски средношколци во моментов се гости во домовите на охридските гимназијалци. Следуваат нови „мобилности“па тие ќе ги заменат улогите, и гостите ќе ја преземат улогата на водичи низ УНЕСКО наследството на нивните земји.
Публицитет.мк