Постојат безброј интересни приказни кои зборуваат за нераскинливото и дури неверојатно пријателство меѓу кучињата и сопствениците.
Оваа е една од многуте , но наша , блиска . До редакцијата на „Публиците.мк“ деновиве интересна фотка испратија нашите редовни проследувачки Марија и Софија. Кусо ни напишале:
-Од неодамна во нашиот дом го згриживме малечкото кученце кое ние го нарековме Оби.
Оби стана дел од нашето секојдневие и уште повеќе од тоа не заспива ако со муцето не ни легне на дланка. Чудно нешто, но Оби е посебно и интересно куче. Фотката впрочем го докажува тоа.
Публицитет.мк