Стрип центар на Македонија со седиште во Велес го објави јавниот конкурс за интернационалниот стрип натпревар, којшто се организира во склоп на 14-тиот Интернационален стрип салон „Велес 2016“…
– На изминатиот, стрип салон во 2015 година беа пристигнати рекордни 228 дела од 42 земји ширум светот. Споредбено со други сродни активности, посебно од регионот, тоа претставува солидна цифра бидејки овој салон е наменет само за стрип. Освен квантитетот на добиени стрипови од странство интензивно се зголемува и интересот мегу македонската стрип сцена. Постојано се појавуваат нови имиња коишто го бараат своето место под „македонското стрип небо“. Посебно се зголемува соработката со училиштата и културни асоцијации од сите средини на Македонија, информираат од Стрип салонот.
Пропозициите за учество можете да ги погледнете тука
Извор: cooltura.mk