Со предлог измените се продолжува рокот до кој учесниците во платниот промет кои имаат блокирани трансакциски сметки ќе можат да вршат плаќања со пресметка на меѓусебните побарувања и обврски. Со предложената одредба субјектите кои имаат блокирани сметки меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг можат да го вршат до 31.12.2017 година.
Со донесување на Законот за изменување на Законот за платниот промет се очекува учесниците во платниот промет кои имаат блокирана трансакциска сметка да имаат можност меѓусебните парични обврски и побарувања да ги намируваат со компензација, асигнација, цесија, преземање на долг и други облици на меѓусебно намирување на обврски и побарувања до 31 декември 2017 година.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА
Извор: pravdiko.mk