Во вториот дел од материјалот, во кој говориме за очекуваните филмски хитови во првиот дел на оваа 2018 година, преставуваме уште пет филмови од кои се очекува да станат вистински филмски хитови.
ИГРАЧ БРОЈ ЕДЕН
Еден од најпродуктивните филмаџии секако е Стивен Спилберг , кој такаречи оди од филм во филм. Ако кон тоа се додадат и неговите активности како продуцент тогаш неговиот ангажман е уште поголем.Неговиот последен филм „ Пост“ од пред неколку дена започна да се прикажува во кино салите ширум светот а веќе кон крајот на месец март се очекува уште еден нов филм.Се работи за научно фантастичниот акционен филм „Играч број еден“.
Во 2045 година, голем дел од населените центри на Земјата стануваат градби слични на сиромашните поради пренаселеноста, загадувањето, корупцијата и климатските промени. За да се избегне нивната пустелија, луѓето се вклучени во светот на виртуелната реалност на ОАСИС, каде што можат да се вклучат во бројни активности за работа, образование и забава.
Филмот го следи младиот бунтовник Вејд Вотс. За да избегне од секојдневните проблеми, Вотс се приклучува во ММО игра наречена “Оаза”. Кога богатиот основач на играта умира, тој им го нуди своето богатство на своите играчи како награда во пронаоѓање на велигденски јајца во рамките на „Оазата“. Вотс се впушта во акција, и пет години подоцна се соочува против корпоративните непријатели кои се подготвени на било што за да ги добијат парите – и во реалниот свет и во „Оазата“.
Филмот се очекува да биде голем филмски хит особено кај помладата публика која веќе наголемо живее во виртуелниот свет.
Спилберг отсекогаш покажувал слабост кон овој филмски жанр. Само да се посетиме на прекрасните филмови „ Блиски средби од трет вид“ од 1977, култниот „ И Ти“ од 1982 или „А. И. Вештачка интелегенција “ од 2001 година.
Сценариото за филмот е дело на Зак Пен и Ернест Клајн, а е напишано врз основа на истоимениот роман на Клајн од 2011 година. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Тје Шеридан, Оливија Кук, Бен Менделсон, Т. Џ. Милер, Симон Пег и Марк Риланс
ДИВЕЕЊЕ
Актерот Двејн Џонсон важи за еден од најисплатливите актери во филмскиот бизнис.Такаречи секој негов филм на продуцентите кои вложиле пари во филмовите во кои тој настапува им носи неколкукратна заработка. Последен пример за ова е филмот „Џуманџи:Добредојдовте во џунглата“ кој моментно се наоѓа на првото место на американскиот топ 10. За еден месец од своето прикажување во светски рамки филмот заработи над 770 милиони долари.Ако се земе во предвид дека филмот имал продукциски буџет од 90 милиони долари и дека се работи за филм кој преставува еден вид на продолжение на филмот „Џуманџи“ од 1995 година, тогаш придонесот на Двејн Џонсон за успешноста на филмот е уште поголема.
Дали ваков успех ќе доживее и филмот „ Дивеење“ во кој главната улога ја толкува повторно овој актер , ќе видиме наскоро по неговото доаѓање во кино салите ширум светот во втората половина на април.
Се работи за научно фантастична авантура во режија на Бред Пејтон која е снимена според истоимената видео игра на „Мидвеј Гејмс“.Во филмот покрај Двејн Џонсон настапуваат уште и Наоми Харис, Малин Аркман, Џо Манганиело, Џејк Леиси, Марли Шелтон и Џефри Дин Морган.
Приматологот Дејвис Окоје е човек кој ги држи луѓето на растојание, а ја дели непоколеблива врска со Џорџ, извонредно интелигентната албино сребрено горила која во најголем дел се грижи за својот живот. Но мистериозен генетски експеримент мутира на овој нежен мајмун и го претвора во бесчувствително суштество со огромна големина. За да бидат работите уште полоши, наскоро ќе се открие дека и волкот и крокодилот доживуваат слични промени. Со оглед на тоа што овие новосоздадените животни се борат меѓу себе за превласт низ Северна Америка, уништувајќи се што е на нивниот пат, тимот Окоје со дискредитираниот генетски инженер треба да обезбедат противотров и да се борат со мутираните животни со постојано менување на бојното поле.Нивната цел е не само да се запре глобалната катастрофа, туку и да се спаси страшниот ѕвер кој некогаш бил пријател на Дејвид.
ОДМАЗНИЦИ:БЕСКОНЕЧНА ВОЈНА
Филмот „ Одмазницу:Бесконечна војна“ е базиран врз суперхеројскиот тим на стриповите на Марвел Комикс „Одмазници“и е во продукција студиото Марвел .Тој преставува продолжение на филмовите „ Одмазници“ од 2012 година и на филмот „ Одмазници:ерата на Алтрон “ од 2015 година.
Филмот е во режија на Ентони и Џо Русо, со сценарио на Кристофер Маркус и Стивен Мекфили, а во него настапува огромна актерска екипа од познати актерски имиња кои веќе играа во предходните два филма:Роберт Дауни јуниор,Џош Бролин, Марк Рафало,Том Хеделстон,Крис Еванс,Крис Хемсфорт, Џереми Рене,Крис Прат, Елизабет Олзен,Бенедикт Камбербач,Пол Бетани, Зое Салдана, Вин Дизел, Бредли Купер, Скарлет Јохансон, Бенисио Дел Торо,Том Холанд…
Во овој филм , Одмазнците ги здружуваат силите со Гардијанците на Галаксијата за се соочат со Танос, кој се обидува да ги собере Бесконечните камења.
Снимањето на филмот започнало во јануари 2017 година, во студјата на Пајнвуд Атланта во округот Фајет, Џорџија, и траело до јули 2017 година, снимајќи во истовреме и делови од директното продолжение од овој филм. Дополнително снимање се одржало во Шкотска, Англија, областа Атланта во центарот на градот и во Њујорк.
Филмот премиерата ќе ја има на 4.мај оваа година а продолжението премиерно ќе биде прикажано една година подоцна на 3. мај.2019 година.
ОКЕАНОВИТЕ 8
По реализацијата на филмот „Тринаесетмината на Оушн“,режисерот Стивен Содерберг изјави дека нема да има ново продолжение од оваа триологија започната со „Единесетмината на Оушн“одкако Џорџ Клуни се откажал од овој проект а освен тоа во меѓувреме почина и актерот Берни Мек кој настапи во предходните филмови.
Но, досетливите продуценти по сето ова сепак одлучија да направат филм кој ќе биде некакво продолжение на оваа триологија со тоа што направија женска верзија на овој филм.Филмот е именуван како „ Океановите осум“а како режисер го потпишува Гери Рос.
Сестрата на Дени Оушн,Деби Оушн,собира женска екипа за да изведат невозможен грабеж во ЊуЈорк во текот на одржувањето на годишната гала вечер…
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Сандра Булок,Саманта Кокоза, Кејт Бланчет,Оливија Мун,Дакота Фенинг, Ен Хатавеј, Кети Холмс, Хелена Бонам Картер, Адријана Лима,Ријана… Мет Дејмон и Карл Рајнер ги репризираат своите улоги како
Линус Колдвел и Саул Блум од предходната тиологија.
Во филмот во камео улоги се појавуваат голем број на познати личности од светот на естрадата, модата и џет сетот: Ана Винтур, Александар Ванг, Ким Кардашијан, Марија Шарапова, Дерек Бласберг, Лорен Санто Доминго, Зајн Малик, Кендал Џенер, Адријана Лима, Хајли Болдвин, Серена Вилијамс, Кајли Џенер и Зак Позен .
Очекувањата од филмот се големи а дали ќе се остварат останува да видиме по неговата премиера на 8. Јуни.
СВЕТОТ НА ЈУРА:ПАДНАТОТО КРАЛСТВО
Научно фантастичниот авантуристички филм „ Светот на Јура:Паднатото кралство“е во режија на Џ.А.Бајона.Филмот преставува продолжение на филмот „Светот на Јура“ од 2015 година како второ продолжение од планираната триологија односно како петти филм од филмската серија за „Паркот Јура“.Извршен продуцент на филмот е идејниот творец на овој серијал, Стивен Спилберг.
Дејствието на филмот се одвива на измислениот остров Исла Ноблар,кој се наоѓа надвор од централниот дел на Американскиот Пацифички брег.Снимањето на филмот се одвивало од февруари до јули 2017 година во Англија и на Хаваи.
По падот на тематскиот парк Светот на Јура на островот Исла Ноблар, диносаурусите слободно се шетаат на островот четири години додека вулканската ерупција не го загрози нивното постоење. Клер Дора ,поранешниот управител на паркот, сега ја основал Групата за заштита на диносаурусите, организација посветена на спасување на диносаурусите. Таа го регрутира Овен Гради ,поранешен тренер за диносауруси кој работел во паркот, за да им помогне да ги спасат останатите диносауруси од островот. Овен, исто така, се обидува да го лоцира Блу, последниот преостанат дел од четирите преживари што ги обучи, но тој и Клер откриваат заговор што може да резултира со диносаурусите да станат доминантни видови на Земјата еднаш засекогаш.
Актрите ,Крис Прат, Брајс Далас Хауард и Б. Д. Вонг ќе ги репризаат нивните улоги од претходниот филм, заедно со Џејмс Кромвел, Тед Левин, Смит Смит, Џералдин Чаплин, Даниела Пинеда, Тоби Џонс, Рејфе Спал и Изабела Пропон. Познатиот актер Џеф Голдблум ќе ја повтори неговата улога како д-р Иан Малколм од оригиналниот филм и продолжението од 1997 година.
Предходниот филм „ Светот на Јура“ од 2015 година стана вистински блок бастер заработувајќи над една милијарда и шестотини и седумдесет милиони долари. Од таму и големите очекувања од продолжението кое во кино салите ќе стартува на 8.јуни.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк