Локалната власт во градот Сиетел во САД одлучила да и застане на патот на бизарната туристичка атракција- лепењето користени мастики на ѕид. Мастиките во разни бои, кои се собирале и таложеле една врз друга во текот на две децении ќе бидат отстранети.
Според проценките на стручњаците од ѕидот ќе бидат отстранети околу еден милион гуми за жвакање. Познат како Gum wall,лепливата атракција станала популарна меѓу мештаните и туристите.
Со помош на пареата која треба да ги омекне залепените мастики се очекува дека голема количина од нив ќе биде симната од ѕидот кој е дел од зградата прогласена за историски значаен објект.
Публицитет.мк