Во организација на ШК ЛАСКЕР Охрид од 28 јули до 3 август ќе се реализира проектот ИГРАМЕ ШАХ НА КЕЈ, кој се остваеува со подршка на Општина Охрид.
Секој ден од 18:00 до 20:00 часот, на Кеј „Македонија“ пред хотелот „Нова Ривиера“ во Охрид.
Целта на проектот е промоција на шахот во Охрид, збогатување на туристичката понуда и промоција на нашиот град.
Секој посетител од земјава и странство ќе може да си ги одмери силите со младите шахисти од ШК ЛАСКЕР Охрид.
Публицитет.мк