По повод Европски ден на јазиците, студентите на Факултетот по применети странски јазици – ФОН во Струга организираа низа активности.
Најпрво започнаа со делење флаерчиња на коишто беа посочени најразличните факти за различните држави во Европа. Потоа одржаа неколку презентации, игри и квизови.
Продолжија со презентација за литература, имено една студентка преку рецитирање и факти на англиски, германски и италјански, ги објасни врвните Шекспир, Ана Франк и Алигиери. Подоцна, акцентот повторно беше ставен на Алигиери и неговата воведна песна од “Божествена комедија”.
Следуваа дијалози за разликите помеѓу британскиот и американскиот англиски, како Италјанците коритат гестикулации и како звучат едни од потешките германски зборови за изговор.
На самиот крај, се играа јазични игри и квизови, и за секој точен одговор, студентот добиваше по едно чоколатче и факт за некоја држава.
Европскиот ден на јазиците, се одбележува од 2001, секоја година во сите европски држави и продолжува да се негува како традиција.
Дамјана Видическа,Публицитет.мк