Ден пред почетокот на новата учебна година Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца со пригодна програма изведена од страна на литературно – рецитаторско – драмската секција „Развигорче“ им го честита 1 септември на сите деца.
На овој начин, Здружението одбележа две годишнини. Три години од почетокот на проектот „Меѓу генерациска средба“ што се одвива во соработка со Општинското основно училиште „Христо Узунов“ и две години од стартот на проектот „Децата и пензионерите“ кој резултираше со формирање и успешна работа на клубот „Развигорче“ раководен од наставничката во пензија Ристана Мојсоска.
За значењето на овие активности и меѓусебни дружења зборуваше претседателот на Извршниот одбор Ѓорѓи Трпчески. Тој во име на здружението на децата членови на „Развигорче“ претежно ученици од ОУ „Христо Узунов“ им подари маички со знакот на пензионерското здружение и пофалници.
На овој начин сите дедовци и баби кои имаат внучиња првачиња и ученици преку специјално подготвената програма се потсетија како е да се сака градот, училиштето,ама и за тоа зошто децата сакаат шеговито да кажат дека кога ќе пораснат сакаат да се пензионери.
Публицитет.мк