Поетот и писател Тоде Илиески од Охрид кон крајот на август беше во Босна и Херцеговина и во Зеница учествуваше на Првиот меѓународен поетски фестивал „Перото на Живодраг Живковиќ“
Илиевски од страна на организаторот ја доби ласкавата награда „Лауреат на фестивалот“ а во кусо интервју за еден весник во Зеница тој вели: – Моето творештво организаторот го препозна како најимпозантно. Заедно со скулптурата како награда своја слика ми подари и академскиот уметник Салим Љума од Тузла.
Директорот на фестивалот Емир Соколовиќ вели: – Одзивот беше голем. Бев несебично задоволен во мигот кога ја добив информацијата дека Тоде Илиевски има зад себе импозантна работа и има доста допирни точки во сопствениот биографски и создавачки сегмент со поетот Живодраг Живковиќ.
Фестивалот траел три дена и следејќи ги технолошките можности преку стриминг и скајп поезијата од Зеница се слушала ширум светот.
Нашата редакција на Тоде Илиевски му честита за добиеното признание.
Публицитет.мк