Во овој момент околу 15 милиони луѓе земаат лекови против таа смртоносна болест, а со глобалната акција против ХИВ од 2000 година се спречени околу 30 милиони нови случаи на заразата и речиси осум милиони смртни случаи, соопшти UNAIDS.
Бројот на заразени со ХИВ се намалил за 35%, а бројот на смртни случаи поврзани со СИДА за 41%, тврдат извештаите.

„Светот, свртувајќи го трендот, се изрази во запирањето на епидемијата на СИДА и намалувањето на бројот на нови случаи. Сега мораме силно да се потрудиме до 2030 година целосно да ја искорениме СИДА-та. Тоа е амбициозно, но исто така е реално можно“, вели генералниот секретар на ОН, Бин Кимун.
За да се исполни таа цел, до крајот на 2020 година на глобално ниво би требало да се одвојат уште околу 32 милијарди американски долари.

Експертите објаснуваат дека бројот на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА продолжува да се зголемува, со 36.9 милиони заболени минатата година, т.е. 700.000 повеќе отколку годината претходно. Но, тоа е затоа што сега, благодарение на антиретровирусните лекови, е можно да се живее со СИДА. Овие лекови постојано се доработуваат, па стануваат се` поделотворни и подостапни.
Извор:Точка.ком.мк