Минатата недела повеќе од успешно помина зимската OffRoad тура од Кичево до Охрид.
Импозантна беше и бројката на учесници. Седумдесетина џипови од цела Македонија и 200 учесници беа дел од овој настан во организација на OffRoad клубот од Охрид.
Поради временските услови турата беше доста тешка. Учесниците се бореле со кал, снег и мраз, но никој не се откажал од ова авантуристичко патување и сите пристигнале на целта.
Најтешко било на планинските врвови, каде снежната покривка достигнувала и до еден метар висина, велат дел од учесниците.
Маршрутата на возилата била од КИЧЕВО ПРЕКУ Дебрца до Куратица и на крај Охрид.
OffRoad клубот од Охрид се потруди тешките места да се исчистат и да се обезбеди влечна служба за заглавените возила, за на крај сите возила да ја завршат турата.
Признанието за најопремен џип NISAN PATROL го доби Цане Кузмановски член на OffRoad клубот Пелистер од Битола. Адреналинската авантура заврши со заедничка дружба на учесниците.
Штом запролети љубителите на високиот адреналин пак ќе се на некоја патека за да си ја потврдат својата издржливост и умешност.
Фото: LOVE & LIFE
Публицитет.мк