Банкнотата од 5 долари на Нов Зеланд доби признание за банкнота на годината за 2015, поведувајќи 19 други номинирани банкноти од целиот свет.
Круната и ја додаде меѓународната организација која е задолжена за истражување и собирање на банкноти International Bank Note Society.
Во оваа тесна трка учествуваа и банкнотите: 20 круни од Шведска, 100 рубљи од Русија, 20.000 тенги од Казахстан, Шкотската банкнота од 5 фунти. Можеби изгубија заради тоа што имаа еден посебен недостаток – на нив немаше пингвин, иако тоа се само нагаѓања.
Кај победничката банкнота доминира портокаловата боја, на едната страна се наоѓа планинарот Едмунд Хилари, еден од првите кои успеаа да допрат до Монт Еверест. Од другата страна се наоѓа жолтоок пингвин (познат како хоихо).
„Горди сме на сите нови банкноти на Нов Зеланд, но да имаме банкнота која е и меѓународно признаена, е тоа навистина е нешто посебно“ – рече гувернерот на банката на Нов Зеланд.
Тој додаде и дека оваа банкнота содржи и некои од најнапредните безбедносни функции во светот, но исто така ја прикажува историјата на Нов Зеланд, културата и наследството.
Извор: www.bankarstvo.mk