• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Охрид беше домаќин на археолошка конференција фокусирана на предисторијата на Балканот

ноември 28, 2022
in Омнубус
Охрид беше домаќин на археолошка конференција фокусирана на предисторијата на Балканот

Охрид деновве беше домаќин на традиционална конференција посветена на балканската предисторија. Овогодишното осмо издание на конференцијата „Prehistory in the Balkans“ се организираше во рамки на меѓународниот проект Common Cultural Heritage.

Конференцијата беше финалниот настан од проектот на Центарот за истражување на предисторијата од Скопје, Институтот за археологија од Тирана и Филозофскиот факултет од Белград. Тоа беше прва заедничка соработка меѓу македонски, албански и српски археолози. Во рамки на проектот стручњаци и студенти работеа заедно на неолитските локалитети Влахо во Македонија, Поградец во Албанија и Винча во Србија, каде што освен усовршувањето на методите на истражување ги следеа и предисториските врски меѓу заедниците кои живееле на овие простори пред повеќе илјади години.

Ваквиот пристап во проектот овозможува создавање на нова генерација стручњаци кои потемелно ќе ја проучуваат поврзаноста меѓу предисториските општества и тоа надвор од границите на денешните држави. На тој начин се придонесува кон посилно вмрежување на повеќе генерации археолози кои претходно поради политичките бариери не соработуваа меѓу себе. Како резултат на ваквиот регионален пристап, од 25 – 27 ноември во Охрид се одржа конференцијата „Prehistory in the Balkans“, а во која студенти и стручњаци ги презентираа стекнатите сознанија за време на проектот и воедно приложија нови перспективи за предисторијата во Србија, Албанија и Македонија.

Во рамки на проектот се подготви брошура и промотивен материјал во кого се сумираат резултатите од взаемната соработка меѓу македонските, албанските и српските археолози, а кои ќе бидат достапни на веб сајтот на Центарот за истражување на предисторијата после одржувањето на конференцијата. Проектот ‘Common Cultural Heritage: interregional research and prehistoric dialogues’ е финансиски подржан од Фондот на Западен Балкан и Европската Унија во состав на Joint Regional Grant Scheme, како дел од програмата IPA (Instrument for Pre-Accession). 

Публицитет.мк 

Посетеност: 126
Share
Previous Post

Уште еден голем успех на Бреинобреин генијалците од Охрид

Next Post

Утре во Скопје уличен перформанс на познатиот Живко Поповски – Цветин и пријателите

Next Post
Утре во Скопје уличен перформанс на познатиот Живко Поповски  – Цветин и пријателите

Утре во Скопје уличен перформанс на познатиот Живко Поповски - Цветин и пријателите

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 126

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk