• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Утре во Скопје уличен перформанс на познатиот Живко Поповски – Цветин и пријателите

ноември 28, 2022
in На минување
Утре во Скопје уличен перформанс на познатиот Живко Поповски  – Цветин и пријателите

Македонското здружение за култура, обичаи и традиции ,,Гороцвет” од Скопје, утре  во периодот од 12 до 14 часот ќе изведе уличен арт перформанс, во кој ќе бидат вклучени преку дваесеттина уметници, поети, просветни работници, новинари, ученици кои на подарок добиле слика од реномираниот уметник и хуманист Живко А. Поповски Цветин, а добредојде и се и сите кои добиле цветен цртеж да дојдат и да го изложат.

Перформансот ќе се состои во спонтан собир на учесниците на улица Македонија, пред спомен куќата на Мајка Тереза, каде ќе бидат изложени сликите кои уметникот Поповски Цветин им ги подарува, додека пак тој ќе ја изложи својата ,,ЦВЕТНА ПАТЕКА НА МИРОТ” долга 101 (сто и еден) метар.
Ова е традиционална средба, која се одржува неколку години на улица Македонија во Скопје, по повод Денот 29 Ноември , кога бил и првиот јавен настап на овој познат уметни.
— Откако во моето село Брезово завршив од прво до четвртто оделение, потоа, со оглед дека и татко ми беше сезонски работник во Монополот во Демир Хисар, до 8 одделение учев таму, и имав голема привилегија што воспитувач ми беше Коста Хаџи Антоновски од Битола, кој подоцна ја основа „Мал Битолски Монмартр“, манифестација позната во светски рамки. Јас сум најстариот ученик на Коста и често ме гледаше како моите соученици и другарчиња од интернатот доаѓаат кај мене и ми даваат листови со бои и се што треба четки да им сликам нешто да им нацртам за утре да добијат петки, на час по ликовно. И еден ден ми вели: Живко ќе ти дадам една задача на празникот „29 Ноември“, на Денот на Републиката на табла со креди да гонацрташ грбот на државата. Јас од почеток некако бев збунет, меѓутоа тој ме убедуваше дека нема да биде тешко дека ќе вежбам една недела пред тоа и дека ќе успеам убаво да го нацртам. Се согласив, и покрај големата трема, вежбав и дојде времето за да се појавам на таа манифестација во училиштето „Гоце Делчев“ пред огромна публика, затоа што во тие места таквите настани се доста посетени. И првата точка беше посветена на мене. Јас мал низок се појавувам на бината и Коста, кој беше голем педагог им вели во публиката да се изгаси струјата во салата. Се изгасна струјата, настана штама, мене ми одговараше мислејќи дека никој не ме гледа, тој ми даде едно столче да се поткачам да ја дофатам таблата. Така се случи Грбот на Југославија да го нацртам за многу кратко време, се симнувам од столчето, одам кон публиката и грмнува еден силен аплауз. Завршува приредбата, јас го гледам цртежот симетрично поставен, со сите елементи, па сфатив дека аплаузот е заслужен, се потсетува денес познатиот уметник…

Публицитет.мк 

Посетеност: 123
Share
Previous Post

Охрид беше домаќин на археолошка конференција фокусирана на предисторијата на Балканот

Next Post

Во Кинотеката на Р. С. Македонија од декември ретроспектива на филмовите на Јиржи Менцл

Next Post
Во Кинотеката на Р. С. Македонија од декември ретроспектива на филмовите на Јиржи Менцл

Во Кинотеката на Р. С. Македонија од декември ретроспектива на филмовите на Јиржи Менцл

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 123

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk