• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Охрид доби на владение фотографии од познатиот француски фотограф Фулон

октомври 7, 2021
in Тикер
Охрид доби на владение фотографии од познатиот француски фотограф Фулон

Охрид и Подрачната единица на државниот архив деновиве добија на подарок фотографии од познатиот  француски фотограф,  Ги Фулон.

Дел од шеесеттината фотографии ќе бидат изложени во  охридскиот архив. На дел од нив се доловени убавините на нашиот Охрид, а на останатите убавините на Париз, родниот град на Фулон. Овој вреден подарок , градот го добива благодарение на охриѓанецот Петар Боев кој негува долгогодишно пријателство и  соработка со авторот.

GUY FOULON 10072021001 scaled 1440x1082

Ги Фулон за охридската јавност станува познат во 2007 година кога ја одржува својата самостојна изложба во ЦК „Григор Прличев“

Љубопитноста кон откривање нови видици го доведува дури во нашите краишта. Не со воз, не со автобус ами на веспа тргнува  од родната Франција  кон Балканот, еден за него сосема поразличен свет  во сега веќе далечната 1954 година. Тогаш, а можеби и порано разбрал за убавините на Охрид и решил наредната 1955 да го посети ова мало место , за кое чул дека претставува неоткриен трезор  преполн природни убавини, културни и историски реткости и гостопримливи домаќини… – ќе рече познатиот  публицист и охридски хроничар Владо Жура на изложбата во   2007 година, додавајќи дека   на неговите слики е забележан исушен  чатал од некое дрво над Канео , стари цркви, зданија архитектурни,  размуабетени старци в парк , сцени од верски обичаи, пазарџии, занаетчии. Миг од животот кој молскавично минал крај нас.

0072021003

За пошироката македонска јавност овој истакнат француски уметник е познат од далечната 1999 година кога  преку Францускиот културен центар ја  одржува својата изложба „Македонија – Франција“ во Даут Пашиниот Амам во Скопје.

Извор:www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 143
Share
Previous Post

Заев на средбата со секретарот на Фондацијата „Небрегово“: Конески ги задолжи сите генерации да го чествуваат неговиот придонес за македонскиот јазик

Next Post

Калачоски: Нашата коалиција ќе продолжи со грижата за развој на инфраструктурата во цела општина

Next Post
Калачоски: Нашата коалиција ќе продолжи со грижата за развој на инфраструктурата во цела општина

Калачоски: Нашата коалиција ќе продолжи со грижата за развој на инфраструктурата во цела општина

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 143

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk