• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Калачоски: Нашата коалиција ќе продолжи со грижата за развој на инфраструктурата во цела општина

октомври 7, 2021
in Uncategorized
Калачоски: Нашата коалиција ќе продолжи со грижата за развој на инфраструктурата во цела општина

Овозможуваме инфраструктура за сите граѓани и до сега реализиравме низа проекти во сите села и населби, рече на прес конференција кандидат за советник Наум Калачоски oд Коалицијата „Најдоброто за нашата општина“.

Иградивме нов асфалтен пат од село Велгошти до црквата „Свети Никола“, нови пречистителни станици за вода за пиење во Љубаништа и Трпејца и нови резервоари за вода во Коњско и Подмоље.

Асфалтиравме улици во селата Лескоец, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Велгошти, Шипокно, Лакочереј и Коњско, како и краци на улиците „Момчило Јорданоски“, „8-ми Март“, „Прилепска“, „Српница“, „Радојца Новичиќ“, „Богомилска“, „Славеј Планина“, „Ристо Чадо“ и во населбите „Исток“, „Рача“ и „Елешец“. Изградивме потпорни ѕидови во Стар град, Вапила и Елшани. Инвестирано е во нови водоводни линии, фекална и атмосферска канализација.

Во претстојниот четиригодишен мандат продолжуваме со рамномерен развој во сите урбани и месни заедници. Ги мотивираме и ангажираме урбаните и месните одбори за поголема активност. Воведуваме задолжителни состаноци и консултации со цел да ги поттикнеме граѓаните да учествуваат во донесувањето одлуки и избирањето на приоритени проекти.

Во секоја месна и урбана заедница 

Градиме приоритетна инфраструктура: улици, канализација, водовод

Градиме малски плоштади и паркови со содржини за дружба и забава

Градиме детски и спортски игралишта и ги реконстуираме постојните

Воведуваме комунален ред, хортикултурно уредување и ново осветлување

Го продолжуваме и унапредуваме проектот „Ваш реонски општинар“ со кој Локалната власт се доближува до граѓаните со цел да се овозможи  на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на оштината.

За нас секој граѓанин е подеднакво важен и секој заслужува да живее во уредена средина. Имаме реален план и конкретни проекти со кои го носиме најдоброто за нашиот град и сите населени места. Затоа на 17октомври направете го вистинскиот избор.

Заокружете го бројот 12 и гласајте за градоначалникот Константин Георгиески и коалицијата “Најдоброто за мојата општина”, рече Калачоски.

Публицитет.мк

Посетеност: 113
Share
Previous Post

Охрид доби на владение фотографии од познатиот француски фотограф Фулон

Next Post

Пецаков: Имаме стратешки план за развој на Охрид и туризмот

Next Post
Пецаков: Имаме стратешки план за развој на Охрид и туризмот

Пецаков: Имаме стратешки план за развој на Охрид и туризмот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk