Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, четврток ќе се обрати на отворањето на 19-та Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на Јадранската повелба (А5) и САД, што ќе се одржи во хотел Гранит, Охрид, со почеток во 09:00 часот.
Тема на конференцијата е „Здружените напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способностите на силите“.
Јадранската повелба е партнерство формирано во 2003 со цел заеднички и координирани активности за што побрзо исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, како и превземање на заеднички иницијативи за градење мир, демократија, стабилност и просперитет во регионот на Југоисточна Европа.
Во Охрид ќе присуствуваат командантите или нивните заменици на националнaта гарда на САД и земјите членки на А-5 и тоа бригадниот генерал Стивен Ферари од Националната гарда на Њу Џерси која е партнер на Албанија, полковник Шон Кејси од Националната гарда на Мериленд, партнер на БиХ, генерал мајор Ричард Ц. Неш од Националната гарда на Минесота, партнер на Хрватска, генерал мајор Стивен А. Креј од Националната гарда на Вермонт, партнер на Македонија, бригаден генерал Џерард Ф. Болдук од Националната гарда на Мејн, партнер на Црна Гора, како и генрал мајор Тимоти Е. Ор од Националната гарда на Ајова која е партнер на Косово и гостинот генерал потполковник Рахман Рама командант на Косовските безбедносни сили
Публицитет.мк