Вчера во НУУБ Свети Климент Охридски се одржа тројна промоција, на која „Савевски продукција“ промовираше три изданија- едно цеде и две двд.
Фестивалот на македонски патриотски песни “Македонски непокор“ беше промовиран во аудио и видео издание, додека концертот Хармониките“ само на ДВД, и инаку двата фестивала се дел од програмата на познатиот „Бит фест“. На Фестивалот беа изведени 15 македонски патриотски песни, каде покрај другите изведувачи особено впечатливи се Мартина Костова и Ансамбл „Билјана“, но и Сашко Савевски, Тошко Каранфиловски, Серафина Фануазо и други. На концертот „Хармониките“ пак настапија Маестро Сашко Велков двократен победник на Соко Бања во јуниорска и сениорска конкуренција, професор Кирил Стојчевски и младиот и мошне талентираниот битолски млад хармоникаш Димитар Митровски.
Како што истакнаа на промоцијата директорот Сашко Савевски и уметничкиот директор Кирил Стојчевски догодина овие две музички манифестации ќе бидат збогатени со тоа што на двете ќе бидат организирани семинари и работилници со излагања на еминентни професори од Љубљанскиот Државен Универзитет, Професорите Проф. Др. Драги Поп Стефанија и Проф. Др. Леон Поп Стефанија.
Публицитет.мк