Во рамки на кампањата на ЕУРОРДИС (Европска организација за ретки болести) , под мотото „Истражување“, со низа активности и охриѓани ќе го одбележат Денот на ретки болести,настани кои, пред се`, ќе бидат насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите.
Одбележувањето на Денот на ретките болести во Охрид ќе се одржи утре, на 28-ми февруари 2018 година. Централен настан како што се најавува ќе биде Маршот низ улиците на градот на кој ќе учествуваат ученици од основните и средните училишта како и Сојузот на училишен спорт, со што најмладите ќе ја дадат својата поддршка на лицата заболени од ретки болести. Помагатели на овој настан се градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, Секторот за внатрешни работи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Црвен Крст како и бројни институции и поединци.
Збирното место за учесниците на маршот, учениците од основните и средните училишта, претставниците на локалната самоуправа, како и поединци и институции, подржувачи на кампањата, е пред гимназијата „Св. Климент Охридски“ во 12 часот.Учесниците на марашот ќе се движат до крајот на улицата „Јане Сандански“ кај хотел „Ројал“, десно по Кеј „Македонија“ па се` до плоштадот „Св. Климент Охридски“ каде ќе дели едукативно- информативен материјал за ретките болести. Како што најавуваат од Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“, во 13:30 часот, е предвидена промоција на химната на Децата со ретки болести во ресторанот „Лихнидос“ .
Публицитет.мк