Ретко фотографиран дел од Охрид. Улица „Коста Абраш“ кога слегувате од Света Софија кон центарот на градот или обратното.
Буде од Аквариус често е со апаратот во рака и слика ли слика.Од неколкуте фотки кои ни ги прати и имаат уметничка вредност ја одбравме оваа – фотографијата што доловува еден простор кого во Охрид го викаат к’ј темницине. Здола пат, горе соба од некоја куќа.
Да знаат да зборуваат темниците кој знае какви тајни ќе оддадат, вака остануваат само заробени во мигот и во една прекрасна фотка.
Публицитет.мк