И додека барем малку не израдува информaцијата дека нивото на Охридското Езеро се покачило до дозволениот минимум Охрид SOS објави нови фотографии кои треба да не загрижат.
Членовите на граѓанската иницијатива Охрид SOS покрај фотографиите напишале:
– Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си, со институции на кои екологијата приоритет им е и со иницијативи ко нашава шо од досада еко спинови прават само и еколози изиграваат за некакви си политички цели. А ова на сликиве шо го гледате, сетоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли?,пишуваат меѓудугото активистите на Охрид SOS на фб профилот и на нивната официјална страница.



Објавените текстови и фотографии во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.
„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.






