• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Започнаа училиштните „Игри без граници“

февруари 13, 2017
in Uncategorized

Во организација на Извидничкиот одред „ Пионер“, а со поддршка на Општина Охрид, во саботата на11.02.2017 година, започна првото коло од втората сезона на  проектот „ Училишни игри без граници“ .Оваа сезона игрите започнаа во ОУ “Христо Узунов” чија  екипа во изминатата сезона го освои првото место, по што активностите ќе продолжат да се реализираат во останатите основни училишта.

Во топол амбиент во училишната спортска сала, низ осум натпреварувачки игри во кои учениците се дружеа повеќе од два часа, во присуство на голем број на родители, во ова прво коло зедоа учество 22 екипи, односно 88 ученици.Подобрите екипи од ова коло ќе имаат можност да се надигруваат со своите врсници од другите општински училишта, се до финалето кое и оваа година ќе се одржи во месец мај, со самото завршување на школската година.

Потребата од реализација на „ Училишните игри без граници“ и нивната оправданост произлегоа од престојот на учениците во периодот на школската година во затворени простори,како и намалените индивидуални физички активности кои негативно влијаат на психофизичката кондиција кај децата-учениците. Поради тоа, токму преку забавно-едукативните натпревари учениците ќе ги развиваат психомоторните способности, a со учеството во екипен состав ќе се развива тимската работа и натпреварувачкиот дух кај учениците.

Неопходно е да се спомене дека потребата од вакви активности ја препозна и локалната самоуправа, која преку органите за образование и директорите на училиштата овозможува „ Училишните игри без граници“ непречено да се реализира веќе втора година по ред.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 110
Share
Previous Post

Охрид SOS објави фотки на кои состојбата со крајбрежието на Охридското Езеро треба да не загрижи сите

Next Post

Македонија и Охрид промовирани во Monterrey MEXICO

Next Post

Македонија и Охрид промовирани во Monterrey MEXICO

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 110

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk