• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Охридска гимназија:Насоки за постапување во врска со реализацијата на наставата за време на вонредната состојба

март 25, 2020
in Uncategorized

Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средно образование за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија и насоките за нејзина примена добиени од Министерстовото за образование и наука, Гимназијата „Свети Климент Охридски“ ги објави следните насоки за постапување кои ќе важат за времетраењето на вонредната состојба:

1. Наставата во средните училишта се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.

Средства за електронска комуникација се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.

Средства за електронска комуникација можат да бидат видеоконференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.

Едукативни алатки кои можат да се користат, а се одобрени / предложено од Владата се:

    – Microsoft Teams – платформа со која можат да се споделуваат документи, презентации и сл.

    – Google Classroom – алатка за е-училница со која може да се врши подготовка, предавање, оценување, следење и анализирање.

    – Google Drive – бесплатен виртуелен простор за прикачување и чување на документи, тестови, распореди, презентации.

    – Edmodo – едукативна платформа за комуникација и размена на содржини меѓу наставниците и учениците, креирање тестови и квизови и сл.

Покрај наведените алатки, можат да се користат и други средства за електронска комуникација кои ќе обезбедат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.

    За периодот на организирање на наставата во средните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување научениците.

Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.

2. За учениците од завршната година проверката на знаењета во однос на проектната задача ќе се врши со примена на средствата за електронска комуникација, во следните чекори:

    – класните раководители да ги известат учениците изработените проектни задачи да ги достават по електронски пат до менторите најдоцна до 31.03.2020 год.

    – менторите примените проектни задачи наредниот ден да ги испратат на службениот е-маил на училиштето svklimentohridski@yahoo.com

    – учиилиштето примените проектни задачи ќе ги препрати до претседателот и членовите на формираните комисии за спроведување на проверката на знаењата во однос проектната задача

    – презентацијата и одбраната на проектната задача ќе се врши со примена на средствата за електронска комуникација (конференциска – групна видео врска со користење на skype, viber или facebook messenger), а ја организира претседателот на комисијата во координација со останатите членови најдоцна до 22.04.2020 год.

    – претседателот на комисијата по завршувањето на одбраната на проектната задача на службениот е-маил на училиштето е должен да достави список со податоци за кандидатите кои полагале, освоени бодови и добиена оценка.

    – претседателот на Училишната матурска комисија резултатите од полагањето на проектната задача ќе ги објави на веб страната на училиштето gimnazijaohrid.edu.mk и на официјалната фејсбук страна на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.

Публицитет.мк

Посетеност: 60
Share
Previous Post

Во Дебрца се реализираат неколку општински проекти

Next Post

Мејлови и телефонски линии за пријавување на непочитување на владините мерки и препораки во борбата против КОВИД19

Next Post

Мејлови и телефонски линии за пријавување на непочитување на владините мерки и препораки во борбата против КОВИД19

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 60

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk