Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално, ќе се одржи во Охрид по осми пат во организација на Охридскиот хор.
Почетокот на фестивалот е закажан на 27.08.2015 (четврток), а ќе трае до 31.08.2015 (понеделник). На фестивалот се пријавени да учествуваат 22 хорови од 11 европски земји.
Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите.
Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Магдалена Липска (Полска), Аљоша Новаковиќ (Босна и Херцеговина), Запро Запров (Македонија), Дора Халас (Унгарија) и Дарина Чакарова (Бугарија).
Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотел Инекс Горица и црквата Св. Кирил и Методиј (католичка црква), а во состав на отворањето хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.
На отворањето ќе настапи Бугарската вокална атракција Војсленд (Voiceland), кои се финалисти на Охридскиот хорски фестивал 2012, а минатата година се пласираа во полуфиналето на бугарското издание на шоуто „Јас имам талент“.
Влезот е слободен, а за посетителите кои ќе го најават своето присуство подготвени се пригодни изненадувања.
Распоред на настани:
четврток, 27ми август 2015
- 19.00 Отворање на фестивалот Дијамантска сала, хотел Горица
- 20.30 Настапи на отворено низ центарот на Охрид
петок, 28ми август 2015
- 17.30 и 19.00 Натпреварувачки концерти Дијамантска сала, хотел Горица
сабота, 29ти август 2015
- 10.00 Поп и фолк концерт Дијамантска сала, хотел Горица
- 17.30 и 19.00 Натпреварувачки концерти Дијамантска сала, хотел Горица
недела, 30ти август 2015
- 10.00 Концерт на духовна музика црква Св. Кирил и Методиј
- 20.00 Натпревар: Финале Дијамантска сала, хотел Горица
недела, 30ти август 2015
- 10.00 Концерт на духовна музика црква Св. Кирил и Методиј
- 20.00 Натпревар: Финале Дијамантска сала, хотел Горица
понеделник, 31ви август 2015
- Конференција за хорско диригирање и интерпретација
- Доделување на дипломи и признанијa
Публицитет.мк