• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Охридскиот театар ќе настапи на Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово

септември 25, 2015
in Култура

По успешниот настап  и освоената награда за оригинална театарска изведба на фестивалот на камерен театар  „Ристо Шишков“ во Струмица, Охридскиот театар во средината на октомври ќе настапи на фестивалот „Денови на комедијата “ во Куманово.

Според фестивалската програма на 16 октомври театарот од Охрид ќе ја изведе  популарната претстава од својот репертоар „Детектор на лаги“ од Сигарев во режија на Ненад Витанов.  Да потсетиме во неа играат: Стрезо Стаматоски, Јасмина Билаловиќ и Никола Тодоровски. 

Оваа хит претстава премиерно во Охрид беше одиграна, лани на крајот од октомври.

lagi

 Во пресрет на 18-ти Меѓународен театарски Фестивал “Денови на комедија – Куманово 2015“, организаторот  Народната Установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“, ја објави програмата и претставите што ќе бидат поставени на репертоарот за време на театарскиот фестивал.

На денот на отварањето на 1 октомври, кумановската публика ќе има можност да ја проследи претставата “Нешто пропуштаме“ во изведба на НУ Театар Комедија, Скопје.

На втората фестивалска вечер ќе настапи театарот од Велес, со преставата “Спанаќ со пржени компири“, додека во сабота /3 октомври/, ќе настапи Продукцијата Видик од Скопје со претставата “Ни ваму, ни таму“, а во недела според програмата, ќе биде изведена претставата “Чолак“ при Драмски Театар Скопје.

По тридневна пауза, во среда /7 октомври/, публиката ќе се забавува со претставата “Премиера во сабота“ во изведба на НУЦК Марко Цепенков од Прилеп, а во четрток ќе настапи театрот од Штип со претставата “Лулка“.

Од театрите од странство, во петок /9 октомври/ ќе може да се проследи претставата на Театар “Талија“ од Тузла, БиХ со претставата “Државни лопов“, додека на 10 октомври ќе биде прикажана претставата “Чехов му кажува збогум на Толстој“ од Евробалкан Институт од Приштина, Косово.

Во понеделник /12 октомври/, гостува Драмскиот куклен театар од Силистра, Бугарија со претставата “Се бара нов сопруг“,  а по два дена, т.е на 14 октомври, гостува НУ Турски театар од Скопје со претставата “Слуга на двајца господари“.

На петнаесетти октомври гостува битолскиот театар со претставата Без паника, додека во петок по што следи настапот на театарот од Охрид.

Саботното издание на меѓународниот фестивал е резервирано за домашната театарска сцена и претставата Баунсерс во изведба на Албанска драма при Театар Куманово, додека во истовреме, на сцената во Домот на култура ќе настапи Продукција Призор од Белград, Србија со претставата “Љубовници“.

Осумнаесетиот меѓународен театарски фестивал Денови на комедија – Куманово 2015 ќе биде затворен на 18 октомври со преставата “Идиоти“ во изведба на актерите од НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово, што воедно ќе биде и премиерно издание на кумановскиот театар.

Публицитет.мк 

Посетеност: 135
Share
Previous Post

„Хуавеј супер куп“ викендов ќе донесе квалитетна машка кошарка во Охрид

Next Post

Туристичкиот сојуз од Охрид со куп препораки до локалните и државните власти за уште поубав туристички биланс.

Next Post

Туристичкиот сојуз од Охрид со куп препораки до локалните и државните власти за уште поубав туристички биланс.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 135

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk