Седумчлена члена делегација на Акцијашкиот клуб „Брег на маладоста” составена од млади лидери а поддржана од општина Охрид, престојуваше во Скопје да ги промовира своите проекти. „Меѓународен акцијашки камп Охрид 2019“ и „Во еден здив Охрид чист “, кој ќе го реализира во соработка со ОУ “Ванчо Николески“ и ЈП Охридски Комуналец.
Охридските акцијаши својата посета во Скопје ја искористија и да побараат измени и дополнување во Законот за волонтерство и акцијаштво.
-Бевме примени во Владата на Р.М. Каде во свечената сала не прими специјалниот советник на премиерот за млади Ѓорѓи Тасев и ни вети комплетна поддршка во нашите заложби а и со задоволство потпиша пристапница и стана наш почесен член.Не прими и заменикот министер за ж. средина Јани Макрадули кој изрази восхит од нашите идеи и несебична и безрезервна поддршка.Го посетивме Парламентот, каде бевме примени од пратениците Јован Митрески и Рубин Земон кои ја ветија својата поддршка и заложба за промена и дополнување во Законот за волонтерство и акцијаштво и подршка на останатите проекти. Благодарност што не примија на свечен ручек во парламентот, информираат од Брег на младоста“.
Делегацијата на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ беше примена и од градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиески кој се заблагодари за учеството на охридските акцијаши во младинската акција “Скопје на нашите дланки 2018“ и им додели пригодни подароци.
Публицитет.мк