Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека изврши промена на фиксните телефонски броеви.
Така, досегашниот службен број на СВР Охрид, 262 010 и сите придружни броеви, не се во употреба и се заменуваат со новите броеви 219-100 и 219-111. За граѓаните надвор од Охрид, останува повикувачкиот префикс 046.
Со веќе поставената нова и современа телефонска мрежа во СВР Охрид, на граѓаните им се овозможува директно бирање до локалите во сите служби. Доколку, барате одредена служба од фиксен телефон, најнапред го бирате бројот 21 а потоа и бројот на локалот. Ако барате од мобилен телефон, тогаш го избирате бројот 072 33 а потоа број на локалот. На тој начин, директно ја добивате службата или службеникот што ви се потребни.
извор:СВР Охрид