• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Охридските бреинобреин генијалци учествуваа на Националниот натпревар во Србија

март 19, 2018
in Омнубус
Охридските бреинобреин генијалци учествуваа на Националниот натпревар во Србија

Грандиозен настап на Бреинобреин генијалците од Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст- Охрид на првиот Национален Бреинобреин натпревар „БОБ ФЕСТ Србија 2018“ кој вчера, 18 март 2018 се одржа во Белград.

Како посебни гости во демо програмата на натпреварот, 22 деца кои го следат деветтото и десеттото ниво на Бреинобреин програмата во центарот  БОБ-Црвен крст- Охрид, се претставија со мултимедијален перформанс „Грдото пајче“ преку кој ги презентираа стекнатите вештини и знаења за мултитаскинг и визуелно, без употреба на абакус, во исто време пресметуваа математички операции (собирање, одземање, множење и делење) на двоцифрени и троцифрени броеви, за што добија огромен аплауз од публиката и посебни награди од организаторот и амбасадорката на Индија во Србија.

20180318 152055 1

На овој настан присуствуваше и светскиот мастер франшизер и основач на Бреинобреин програмата Г-дин Ананд Субраманиан кој уште еднаш го истакна Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст – Охрид како прв отворен центар на Балканот и најуспешен во регионот. Секако, присуството на претставници од Бреионобреин центрите од Австрија, Унгарија и Босна и Херцеговина  беше искористено од страна на нашите тренери да се разменат искуства и визии за развивање на БОБ програмата и да се договорат заеднички активности.

20180318 161424 1

Покрај официјалниот дел, децата од БОБ-Црвен крст – Охрид ги разгледаа знаменитостите на Белград, а не ја испуштија можноста и за културно издигнување следејќи детстка театарска претстава.

 

20180317 175518 2

20180318 1617550 1

Меѓународниот карактер и докажаност во светски рамки, позитивните резултати и корисноста за децата кои ја следат Бреинобреин програмата, поддршката од родителите и предизвиците кои ги носи Бреинобреин програмата, остануваат вистински мотив за тимот на Бреинобреин Охрид посветено да ја унапредува и усовршува оваа програма и веке во месец мај 2018 да ја заокружи и петтата генерација на деца кои комплетно ја завршија БОБ програмата во нашиот центар, се вели во соопштението од Црвен крст од Охрид .

Публицитет.мк

Посетеност: 62
Share
Previous Post

Мора итно да се реши проблемот со загадувањето на водата од селските водоводи

Next Post

Охрид доби онлајн систем со метеоролошка станица и камера во живо

Next Post
Охрид доби онлајн систем со метеоролошка станица и камера во живо

Охрид доби онлајн систем со метеоролошка станица и камера во живо

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 62

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk