• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Охридските коледарчиња го најавија Христово раѓање

јануари 6, 2020
in Тикер
Охридските коледарчиња го најавија Христово раѓање

Со свеќи во рацете , кандилца и ѕвезди  околу 700 дечиња беа дел од денешната  Бадникова поворка што  седма година по ред се одржува  во Охрид. Пеејќи ја  коледарската песна  „Вечниот Бог“  низ охридските улици и чаршијата, младите охриѓанчиња кои ги симболизираа ангелите  го најавија христовото раѓање.

На плоштадот „Св. Климент Охридски“  кај божиќната пештера што е подарок од Бигорскиот манастир, Св. Јован Крстител, коледарчињата ги пречека градоначалникот Константин Георгиески кој ги дарува со божиќни пакетчиња.

Возвишено е чувството, да се биде дел од оваа културно – верска манифестација во која учествуваат нашите најмили –  дечињата, кои со  старохристијанската коледарска песна го најавуваат христовото раѓање. Возобновувањето на оваа традиција е секако за поздравување затоа што преку неа најмладите се запознаваат подлабоко со суштината на нашата вера,  со значењето на христовото раѓање. 

Секогаш мора да си ги познаваме своите корени, своите традиции за да градиме успешна и посветла иднина за сите нас.  Во оваа прилика им го честитам големиот христијански празник Божиќ на сите православни христијани, со надеж дека ќе  го минат во добро  здравје, со ведра мисла и спокој,  опкружени со љубовта на своите најблиски- рече градоначалникот Георгиески.

Фотографија на Константин Георгиески - официјална страна.

Градоначалникот Георгиески присуствуваше и на бадниковата поворка што втора година по ред се одржува во Селото Велгошти.

Бадниковата поворка е една од најмасовните културно-  верски манифестации што се организираат по повод големиот христијански празник Божиќ.

Организатор на настанот е Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржан од  општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

 

 
Посетеност: 81
Share
Previous Post

Ногачески: За две години сработивме многу – најважно е што општината е отворена за сите

Next Post

Форумот на жени на СДСМ – Охрид во пресрет на Божик во посета на Геријатрија

Next Post
Форумот на жени на СДСМ – Охрид во пресрет на Божик во посета на Геријатрија

Форумот на жени на СДСМ - Охрид во пресрет на Божик во посета на Геријатрија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 81

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk