• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Ногачески: За две години сработивме многу – најважно е што општината е отворена за сите

јануари 6, 2020
in Актуелно
Ногачески: За две години сработивме многу – најважно е што општината е отворена за сите

Овие празнични денови предодредени се за славење, но и за потсетување на сработеното и плановите за новата календарска година.

Публицитет.мк по традиција реализира интервју и со градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.

Во него тој одговара на многу клучни прашања кои ги допираат жителите на оваа општина.

Со клик на линкот слушнете го аудио интервјуто во целост. Со градоначалникот Ногачески разговара Милчо Јованоски:

nogaeski

 

 

https://debrca.gov.mk/archives/3029

 

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

 

Дел од отчетот на Градоначалникот Ногачески даден минатиот декември: 

 

  • Ветивме квалитетно образование за сите

 

ü  Извршивме работи за адаптација и санација на зградата на Подрачното училиште во село Требеништа ( се адаптира просторијата за котлара за централно греење на училиштето и се решава проблемот со континуираната влага во училиштето. ), вредност на работите  479.700 денари. Во завршна фаза е тендерската постапка за избор на изведувач на централно греење во училиштето, кое ќе биде поставено за време на зимскиот распуст,

ü  реконструкција и инсталирање на централно греење во Подрачното училиште село Мешеишта, вредност 3.500.000 денари ( Центар за развој на Југозападен плански регион, програма за регионален рамномерен развој и буџет на општината ),

ü  извршивме хортикултурно уредување со зелен појас на училишниот двор во село Оровник, вредност 269.040 денари,

ü  поставени се фотоволтаични системи од 15 kW на  зградата на училиштето во село Белчишта  и село Мешеишта, како и на административната зграда на општината во село Белчишта ( проект: „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“, финансиран со средствата од Европската Унија ),

ü  извршивме внатрешно молерисување на училишните згради во село Белчишта и село Требеништа, вредност  337.060 денари,

ü  обезбедивме нагледни средства и наставни помагала за основното училиште, вредност на набавката 100.000 денари.

 Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

 

  • Ветивме општина на социјална сигурност :

ü  го зголемивме  износот на средства наменети за социјални трансфери .

  • Во текот на изминативе две години доделивме еднократна парична помош за социјално загрозени лица и тоа:

ü  за лекување во државата, во вкупен износ 243.300 денари

ü  за лекување во странство, во вкупен износ  211.000 денари

ü  во случај на смрт, во вкупен износ 80.000 денари,

ü  за поддршка во областа на културата и науката, износ 52.250 денари

  • Доделивме еднократни субвенции:

ü  за склучување на брак, во вкупен износ 66.000 денари,

ü  за новороденче, во вкупен износ 398.000 денари

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

 

  • Инвестиравме во Подобрување на општинската патна мрежа:

ü  Асфалтирани:  улица во село Оровник ( 202 метри ), Горенци ( 190 метри ), Требеништа ( 282 метри ), Волино ( 766 м2 ), Белчишта ( 100 метри ) и Арбиново ( 190 метри ), две улици во село Врбјани, ( 387 метри ), две улици во село Лактиње, ( 322 метри ), две улици во село Годивје, ( 348 метри ), две улици во село Слатино, ( 119 метри ), вкупна вредност 9.240.144 денари,

ü  изградивме ( асфалтирање, тротоари, одводни канали ) на две улици во село Мешеишта, ( 1 км ), вредност од 9.061.907,67 денари,  средства обезбедени од ЕУ ИПА грант,

ü  решен е проблемот со атмосферските води на две улици во село Мешеишта, вредност 700.000 денари,

ü  Тампониравме: улица во село Брежани, во должина од 350 метри и улица во село Оздолени, во должина од 500 метри, вредност 407.100 денари,

ü  крпење на ударни дупки на асфалтните коловози,

ü  извршивме беспрекорно зимско оддржување на општинските патишта и улици, вклучително и регионалниот пат, како и чистење од крајпатна вегетација, вредност 1.600.000 денари,

ü  санација на мостови:  на патен правец за село Брежани, улица во село Велмеј, пат за црквата во село Издеглавје, мостови за пристап до земјоделско земјиште во село Белчишта и село Волино.

 

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

 

  • Инвестиравме во Подобрување на водоводна инфраструктура

ü  изградивме доводен цевковод за водоснабдување на село Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца без изграден водоснабдителен систем, вредност  3.491.010  денари, средствата  се обезбедени од Бирото за регионален развој, проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби,

ü  нова бушотина за вода за пиење во село Требеништа, вредност 236.000 денари,

ü  изградивме нова каптажа на Регионален водоснабдителен систем Радомирово, Караорман, вредност  471.085 денари,

ü  санација на каптажи во Тројани, село Оровник, вредност 367.500 денари.

 

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

 

  • Инвестиравме во санација на општински и објекти на месните заедници :

ü  дозавршување на реконструкција на Дом во село Злести, вредност 1.300.000 денари,

ü  дозавршување на реконструкција на објект на МЗ село Ботун, вредност   600.000 денари,

ü  санација на внатрешниот дел од општинска зграда село Мешеишта, вредност  341.397,00 денари,

ü  реконструкција на објект на МЗ Горенци, вредност 1.142.570 денари,

ü  реконструкција на стара училишна зграда во село Волино и нејзина пренамена во Центар на локалната заедница, вредност 2.464.926 денари, средства обезбедени преку Центарот на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој,

ü  уредување на просторот покрај двете новоизградени улици во село Мешеишта, вредност 1.008.900 денари,

ü  санација и адаптација на Спомен училиштето во село Црвена Вода, вредност 590.000 денари,

 

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

ü  извршивме партерно уредување :  на платото во црквата “Св.Спас”, село Годивје, во површина од 160 мкв, на влезот во манастирот “Св.Јован Крстител”, село Слатино, во површина од 70 мкв, вредност 208.335 денари,

ü  партерно уредување на просторот пред амбулантата во центарот на селото Велмеј /прва фаза ( бекатон патеки, шанк со санитарен чвор и комплет водоводна и електроинсталација, изградба на огниште ) вредност 1.058.460 денари. Деновиве започнавме со втората фаза од овој проект-заградување и осветлување на уредениот простор, вредност . 897.000 денари,

ü  партерно уредување ( бекатон патека, бекатон платформа за детско игралиште, ѕид од фугиран камен учично јавно осветлување, детски реквизити ) во село Оровник, вредност 1.343.356 денари, средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програма за развој на села ( 600.000 денари ) и Буџетот на општина Дебрца за 2019 година ( 743.356 денари ),

ü  регулација / бетонирање / на канал за наводнување во село Злести, во должина од 400 метри, вредност 706.938 денари,

ü  регулација на канал за наводнување во село Лешани, во должина од 500 метри, вредност 1.409.392 денари,

ü  го реализираме проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”, кој опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки, кои беа реализирани во селата: Мешеишта, Лактиње, Врбјани, Оздолени, локален пат Сл.Чифлик-Слатино, Сливово, Песочани и пат село Песочани – Радомирово , Брежани, Оровник, Лешани, Велмеј, Годивје, Требеништа, вредност 5.106.000 денари,

ü  уредување на  просторот околу чешмата кај црквата “Св.Мартинија”, село Требеништа.

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

  • Директна финансиска поддршка во подобрување на културните содржини :

ü  ја зголемивме финансиската поддршка и го враќаме сјајот на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца”, во 2018 година 80.000 денари, а во 2019 година 200.000 директна помош,

ü  културна манифестација  “Ѓомлезијада”, село Годивје, износ 80.000 денари,

ü  го поддржавме одржувањето  на првиот Балкански детски и младински поетски камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески 2019”, во организација на здружението “Мацково”, износ 30.000 денари,

ü  ги реализиравме Проектот:  “Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Дебрца”, износ 100.000 денари и Проектот “Требенишко Кале”, истражувања 2019, износ 100.000 денари.

 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 125
Share
Previous Post

Гордана Петровска – Речкоска: „Другарството е ѕвезда, небото што го краси, немој да ја допираш да не се угасни!“

Next Post

Охридските коледарчиња го најавија Христово раѓање

Next Post
Охридските коледарчиња го најавија Христово раѓање

Охридските коледарчиња го најавија Христово раѓање

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 125

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk