Пред две години на 24 јануари престана да чука срцето на Миле Битарк од Охрид. Јавноста, го знае како на стопанственик, но и планинар, поранешен ватерполист, едноставно вљубеник во спортот и природата.
Традицијата продолжува. Во негова чест и сеќавање неговите колеги, пријатели и членови на Планинарското друштво од Охрид вчера по втор пат се искачија на Галичица.Во месноста Корита поминаа уште еден убав ден „борејќи“ се со спомените за минатото и нивниот другар и пријател Миле.
Сопругата на Миле , Елида беше на Галичица заедно со планинарите. На фејсбук споделувајќи ги фотографиите таа кусо напиша:
-Им благодарам многу на :Ноне, Здравко, Људмил, Митко, Борче, Лукан, Мартин, Јасна, Ивана, Марта, Атанас, Гаџо, Марија, Филип, Малезан, Ромео…. По втор пат за – Миле. Евоцирани спомени,сеќвања,за времиња… за Човекот со голема љубов кон планината…
Лани, Охрид одбележа педесет години од првото скијање на Галичица. Во 1968 година со скромна опрема,војнички чизми и дрвени скии неколкумина охриѓани за прв пат го освоија врвот Магаро и докажаа дека на планината има услови за зимски спортови.
– Со Миле Битрак и Леко Радиќ со многу скромна опрема се искачивме на врвот Магаро и од таму од северната страна се спуштивме така што за тоа време беше своеврсно едно првично качување дотогаш немало не сме слушнале дека пред нас некој го направил тоа, вели Љупчо Поп Стефанија поранешен аплинист.
Битарк и Поп Стефанија се сметаат за основоположници на скијањето во Охрид и изградбата на Планинарскиот дом во седумдесетитет години, кој откако изгоре не бешеобновен а масовното и организирано зимување и скијање на Галичица прекина.
Двајцата охридски планинари своевремено ги искачиле Монт Блан, врвот на Андите а ги освоиле и речиси сите европски врвови.
Публицитет.мк